Родени во САД автоматски добиваат државјанство – Трамп сака да го промени правилото што важи повеќе од еден век

Во САД повторно се отвора прашањето за „право на државјанство по раѓање“. Врховниот суд треба да одлучи дали ќе се промени уставното правило што постои од 1868 година.

Во Соединетите Американски Држави Соединетите Американски Држави повторно се отвора голема политичка и правна дебата околу правото на државјанство по раѓање. Според 14-тиот амандман на Уставот, секое дете родено на територијата на САД автоматски добива американско државјанство, без разлика на статусот на неговите родители. Ова правило е во сила од 1868 година и се базира на принципот „право на почва“ (ius soli).

Сегашниот претседател Доналд Трамп се залага за промена на ова правило, со цел да се ограничи државјанството за децата на мигранти кои немаат легален престој или се во земјата со привремени визи. Според неговата администрација, ова би го намалило таканаречениот „родилен туризам“. Судските инстанци досега ги блокираа овие обиди, но случајот сега е предаден на Врховен суд на САД, кој треба да донесе конечна одлука со потенцијално големи последици.

Анализите покажуваат дека САД не се единствената земја што го применува принципот на државјанство по раѓање. Според податоци на истражувачкиот центар Pew Research Center, околу 30 и повеќе држави, меѓу кои Канада, Мексико и Бразил, исто така имаат слични правила. Спротивен модел е таканареченото „право на крв“ (ius sanguinis), кое е доминантно во поголем дел од светот, каде државјанството се добива преку родителите, а не преку местото на раѓање.

Доколку Врховниот суд донесе одлука во корист на промена на правилото, експертите предупредуваат дека тоа може да создаде милиони луѓе со нејасен правен статус во иднина и значително да го промени американскиот имиграциски систем.

е-Трн да боцка во твојот инбокс