РКЕ денеска ги објавува новите цени на горивата: Владата ги продолжи мерките до 1 јуни

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе одлучува за новите цени на бензинот и дизелот, додека Владата ги продолжи мерките за намалено ДДВ и пониски акцизи до 1 јуни.


Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска треба да ги соопшти новите малопродажни цени на горивата, откако Владата одлучи да ги продолжи мерките за ублажување на ценовниот притисок врз граѓаните и компаниите.

На вонредна седница, Владата донесе одлука мерките поврзани со горивата да останат во сила до 1 јуни. Тоа значи дека и понатаму ќе важат намаленото ДДВ и пониските акцизи за бензинот и дизелот. Според владините проценки, продолжувањето на мерките треба да помогне во одржување на постабилни цени на домашниот пазар и да спречи поголеми ценовни разлики во однос на земјите од регионот.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека мерките се продолжуваат поради нестабилностите на светските енергетски пазари и потребата да се задржи ценовен баланс во период на зголемени глобални ризици. РКЕ традиционално новите цени на бензините и дизелот ги објавува во текот на денот, а тие стапуваат на сила од полноќ.

Одлуката внимателно ја следат и граѓаните и транспортниот сектор, особено во период кога глобалните цени на нафтата повторно се под притисок поради тензиите на Блискиот Исток и нестабилностите на енергетските пазари.

е-Трн да боцка во твојот инбокс