Ритамот на чаршијата – музички настан во Куршумли ан и Чифте амам

Во старото градско јадро на Старата скопска чаршија, на 17-ти и 18-ти септември во организација на ЈУ. Детски културен центар – Карпош, а со поддршка на Град Скопје со почеток во 19.00 часот за прв пат ќе се одржи  манифестација „Ритамот на чаршијата“, чија цел, е да ја заживее чаршијата од еден поинаквов агол, во духот на ритамот.  Оваа година ќе се популаризираат објектите Куршумли Ан и Чифте Амам во кои ќе се почувствува  ритамот преку концерти од сите жанрови.

Убавината со која плени Старата чаршија во Скопје е една од причините поради којашто е меѓу најпосетуваните локации од страна на туристите и локалните жители. Самата прошетка низ нејзините калдрмени улици е магија преку која овде сè уште може да се почувствува минатото – духот на градот. Mали дуќанчиња, занаетчиски објекти, верски објекти, чајџилници, ресторани, музеи и амами се само дел од обликуваноста на просторот и времето кои го красат ова место.

 Чаршијата сѐ уште живее во духот на традицијата, во себе криејќи приказни за едно минато кое и денес оставило белег, во секое нејзино ќоше. Без разлика од која страна ќе влезете во чаршијата, ќе наидете на голем број дуќанчиња полни со сувенири, различни народни носии и разни рачни изработки.

е-Трн да боцка во твојот инбокс