Тимови од целата земја се подготвуваат за третото издание на Red Bull Педалинка во Охрид

Трката на старото пристаниште ги комбинира брзината, тимската координација и креативните маски во борба за првите две места.

Оваа сабота, 15-ти август, со почеток од 17 часот, Охридското Езеро повторно ќе биде арена за третото издание на Red Bull Педалинка. Трката, која се одржува во рамки на Ohrid Water Festival на старото пристаниште, носи динамични дуели каде тимови од четири члена ќе ги одмерат силите во брзина и креативност. Учеството е бесплатно, а пријавувањето се врши преку официјалната страница на Red Bull Македонија.

На изминатите две изданија, публиката беше сведок на одлична тактичка спремност на тимовите, екстра креативни тимски маски и борбеност кај сите натпреварувачи. Форматот на оваа уникатна трка ги предизвикува учесниците што побрзо да стигнат до целта, каде двајца од тимот напред вртат на педали, а другите двајца веслаат на колена од задниот дел на педалинката. 

Учеството на натпреварот е без котизација, а потребен е тим од четворица полнолетни учесници, каде барем еден во тимот е од спротивен пол.

На третото издание на Red Bull Педалинка, како и секоја година, тимовите ги очекуваат награди за прво и второ место. Покрај  натпреварувачкиот дел, тимовите исто така повторно имаат можност да ја покажат и својата креативна страна, натпреварувајќи се со тимски маски, со кои влегуваат во игра за избирање на наградата ‘најдобра тимска маска’.

Линкот за пријава и сите информации во врска со Red Bull Педалинка можеш да ги најдеш на официјалната страна на Red Bull Македонија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс