Search

Рецептот за подобар секс е морската храна

Според едно американско истражување, паровите кои јадат многу морска храна имаат повеќе сексуални односи и имаат потомство побрзо од оние кои избегнуваат школки или аншоа.

Научниците следеле 500 парови во Мичиген и Тексас една година, барајќи од нив да ја забележат нивната потрошувачка на морска храна и зачестеноста на односите. Истражувањето покажало дека шансите за секс биле за 39 отсто поголеми во деновите кога парот консумирал морска храна.

До крајот на годината, 92 отсто од паровите кои јаделе морска храна најмалку два пати неделно, зачнале дете, во споредба со 79 отсто од оние кои јаделе помалку риба и школки. Поврзаноста помеѓу морската храна и плодноста останала дури и кога се земала предвид зачестеноста на сексуалниот однос.

„Иако зголемената сексуална активност може да биде еден механизам во однесувањето што го поврзува внесот на морска храна со поголема плодност, тоа не е единствениот механизам“, вели водачот на студијата Одри Гаскинс, нутриционист на Факултетот за јавно здравје на Харвард во Бостон. „Веруваме дека забележаната врска помеѓу морската храна и плодноста, независно од сексуалната активност, може да се должи на подобрувањата во квалитетот на спермата, менструалниот циклус и квалитетот на ембрионот. Претходните студии ги забележаа овие позитивни ефекти од зголемениот внес на морска храна и масни киселини“, вели Дихтунзи.

Лекарите ги советуваат пациентите барем два пати неделно да јадат риба богата со омега 3 масни киселини како лосос, скуша, харинга или туна бидејќи внесувањето на овие киселини е поврзано со намалување на ризикот од срцев и мозочен удар. Но, на жените кои се обидуваат да забременат им се советува да јадат не повеќе од три пати неделно риба за да избегнат изложеност на жива, која може да предизвика вродени дефекти кај бебето и се наоѓа во многу кај ајкулите, сабјаните, скушата и туната.

Научниците откриле дека мажите кои јаделе повеќе морска храна во годината пред студијата имале почести сексуални односи од мажите кои јаделе помалку морска храна, додека врската не била толку јасна за жените, покажа студијата. Според научниците, на шансите за зачнување не влијаело тоа колку морска храна конзумирала парот во годината пред студијата, се вели во трудот објавен во списанието за клиничка ендокринологија и метаболизам.

Колку луѓе јаделе морска храна не влијаело нивното образование, приходите, вежбањето или телесната тежина. Недостатокот на студијата е што не е попрецизно анализирано кој вид риба јаделе испитаниците, што би укажало на ризикот од нивната изложеност на жива, предупредуваат експертите.

„Не сите риби се создадени еднакви“, вели Трејси Вудраф од Универзитетот во Калифорнија, Сан Франциско. „Многу сардини или аншоа се добри затоа што се мали и немаат многу загадување“, вели Вудруф.

Извор: metro-portal.hr

Најново

Последни колумни