„ГТА 6“ го забележа најголемото лансирање на игра во историјата на Плејстејшн, која опфаќа повеќе од три децении и пет генерации конзоли. Според официјалните податоци што ги објави Сони, до 22 ноември играта ја започнале повеќе од 39 милиони уникатни играчи на Плејстејшн 5.
Играта поставила рекорд и според бројот на истовремени играчи на конзолата, надминувајќи ги сите досегашни наслови, вклучително и популарните бесплатни игри и оние наменети за повеќе играчи. Сони не го откри точниот број на играчи што биле активни во исто време, но објави други податоци што ја покажуваат големината на интересот.
Играчите на ПС5 досега поминале вкупно 683 милиони часа играјќи ја „ГТА 6“. Во првите денови по објавувањето, секој играч во просек поминал по 17,4 часа истражувајќи ја Леонида, измислената сојузна држава во која се одвива дејството на играта.
Успехот на играта се одразил и врз продажбата на конзолата. Сони забележал најголем број новоповрзани конзоли Плејстејшн 5 во еден ден од нејзиното појавување на пазарот, ако се исклучат празничните периоди на крајот од годината. Особено е интересен податокот дека „ГТА 6“ била првата игра што ја стартувале дури 70 отсто од купувачите на новите конзоли ПС5 по нејзиното објавување.
