Search
Картон револуција- граѓанска платформа против корумпираните политичари

Разговор помеѓу Босанец и Србин ги разбива митовите за различностите меѓу народите

Двајца момци, еден Босанец и еден Србин, се обидуваат да го разбијат митот дека постојат значителни разлики меѓу нивните народи. Преку видео снимка, тие преставуваат некои од најголемите сличности кои ги споделуваат.

Видеото е постирано на платформата Картон револуција на нивната фејсбук страница. Се работи за граѓанска платформа која се бори против корумпираните политичари.

Прво, тие го истакнуваат физичкиот аспект, голем број луѓе од двете народности има иста боја на кожа, со што се  истакнува дека не постои физичка разлика помеѓу нив. Освен тоа, и двете култури имаат иста религија и веруваат во еден бог, што ги спојува во духовен аспект, односно еднобожје.

https://www.facebook.com/watch/?mibextid=6aamW6&v=822940186339218

За да ја истакнат дополнителната сличност, момците споделуваат дека омилени музичари на двата народи вклучуваат пејачи од различни нардности:  Џорџе Балашевиќ, Дино Мерлин и Здравко Чолиќ. Ова го истакнува унверзалниот вкус за музика кој го споделуваат и србите и босанците.

Меѓутоа, се истакнува и она што ги разделува, кој се претставува преку политичките претставници. Момците сметаат дека политичарите се тие што ги наметнуваат разликите помеѓу народите, користејќи го ова за свои лични интереси за пари и моќ. Тие ја истакнуваат сличноста помеѓу политичарите како Дачиќ, Изетбеговиќ, Вучиќ и Додиќ, велејќи дека сите се  “исто с…е”.

На крајот, момците потенцираат на важноста на сакањето помеѓу луѓето и оставањето на политичките водачи да се занимаваат со нивните игри на омраза. Тие настојуваат да го поддржат мирот и единството меѓу народите, со надеж дека тоа ќе создаде подобра и посветена заедница за сите.

Картон револуција е најбрзо растечко активистичко движење кое е формирано во Босна.

„Создадени сме како одговор на обичните млади луѓе за актуелната состојба во државата и желбата преку конкретен активизам да укажеме на криминалот, криминогените луѓе и неправдата што не опкружува. Се бориме за држава заснована на правда и вистина користејќи ја моќта на медиумскиот притисок, конкретни улични акции и други демократски методи“, пишува во нивното био на веб страницата.


		

Најново

Последни колумни