Истата книга веќе е препеана на англиски јазик, а на македонски се појави во 2019 година во издание на „Матица“.
Маркоска на книжевната сцена се појавува како писателка, есеистка, поетеса, но и како филозоф. Има добиено голем број награди, меѓу кои прво место за краток расказ на конкурсот „Електролит“ („Темплум“, 2007), за расказот „Што се случува кога го читате Фрејзер“; „Ацо Караманов“ (2012) за поетскиот ракопис „Стрмоглаво кон височините“; наградата „Бели Мугри“ (2014) за поетскиот ракопис „Црни дупки во нас“; наградата „Тодор Чаловски“ (2015) за поезија, есеистика, критика и креативни прозни форми и награда за краток расказ на „Нова Mакедонија“ (2015) за „Височините на Феликс“.
Нејзина прва поетска книга е „Сите притоки се слеваат во моето корито” („Темплум“, 2009“), а следната година со истата издавачка куќа ја објавува книгата раскази „ Вител во Витлеем“. Втората поетска книга „Стрмоглаво кон височините“, за која ја доби наградата „Ацо Караманов“ во 2012 година, доживеа и второ идание со издавачката куќа „Магор“ (2013).
Третата поетска книга „Црни дупки во нас“ има добиено две награди, но исто така е и препеана на два јазика, на англиски и на српски јазик.
Покрај поезија и проза, Маркоска пишува и научни студии и есеи од областа на културата, па во 2010 година ја објавува „Хипер Хипотези“, по што следат „Расправа за Зен будизмот (религиско-филозофски трансценденции помеѓу Источната и Западната мисла)“, научна студија („Матица“, 2013), „Култура и Меморија“, научни студии и есеи, („Матица“, 2014) и „Фил(м)увани приказ(н)и“, студии и есеи за филмот и кинематографијата, 2017.
Нејзините дела се објавени во голем број антологии, зборници, списанија и весници, и преведена е на повеќе светски јазици.
