Расте бројот на жртви по масовниот руски напад врз Киев: 81 повреден, двајца починати

Во руски воздушен напад врз Киев повредени се 81 лице, меѓу нив и три деца, додека две жени загинаа, соопшти градоначалникот Виталиј Кличко.

Во масовниот воздушен напад што руските сили го извршија врз Киев, бројот на повредени се искачи на 81 лице, додека две жени го загубија животот, соопшти градоначалникот на украинската престолнина, Виталиј Кличко. Според информациите објавени на Телеграм, меѓу повредените има и три деца. Во болниците во Киев се хоспитализирани 31 лице, од кои две се деца.

Киевското градско обвинителство соопшти дека во нападот загинале 86-годишна и 44-годишна жена.

Нападите предизвикаа нова загриженост поради интензивирањето на руските воздушни удари врз украинските градови, додека украинските власти предупредуваат дека цивилната инфраструктура повторно била меѓу погодените цели.


е-Трн да боцка во твојот инбокс