Чешките тенисери Катерина Синаикова и Томас Махач го привлекоа вниманието на јавноста на Олимписките игри. Освен што се тениски пар, тие беа и во љубовна врска до еден месец пред почетокот на Олимписките игри во Париз.
Тоа што раскинаа сепак не ги спречи да стингат до финалето на турнирот во парови, победувајќи ја кинеската двојка Жанг Жизен и Ванг Ксинју и да го освојат златото. По нивната победа повторно започна да се зборува дека се смириле, бидејќи златото го прославија со прегратка и бакнеж.
Teammate chemistry ✅
— Cincinnati Open (@CincyTennis) August 2, 2024
Olympic Gold medals ✅
Congrats to Tomas Machac and Katerina Siniakova for winning the mixed doubles championship at the Paris Olympics! pic.twitter.com/oaf66r24e0
Тие беа во врска од 2020 година, но на последниот турнир пред Олимписките игри, Синаикова потврди дека раскинале со Махач.
„Да, вистина е, но тоа е наша приватна работа“ изјави таа што предизвика грижа кај дел од чешките новинари за тоа како ќе продолжат да играат заедно.
По освојувањето на златото, на конференцијата за медиуми, новинарите ги прашаа дали се повторно заедно, а тенисерката одговори само дека сака кога новинарите се збунети.
„Тоа е строго доверливо“ одговори Томас.
Нивните фанови на социјалните мрежи пишуваат дека сакаат да гледат филм за нив и ги повикуваат филмските студија да ја истражат оваа љубовна приказна.
Извор: Индекс.хр