Тројца работници затрупани со земја на градилиште во Кисела Вода, спасувачката акција е во тек

Несреќата се случила во 08:17 часот на улицата „Козјак”, при ископ и подготовка на терен за нова зграда. Двајца се извлечени и пренесени со брза помош, третиот сè уште под земја.

Тројца градежни работници беа затрупани со земја утрово на градилиште во скопската населба Кисела Вода, при ископни работи за изградба на нова зграда на улицата „Козјак”. Настанот бил пријавен во 08:17 часот во СВР Скопје. Двајца од затрупаните беа извлечени и со возило на Итна медицинска помош пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза”, додека спасувачката акција за третото лице е сè уште во тек.

Ископот ги затрупал работниците

Несреќата се случи утрово на градилиште зад кафулето „Фејс”, во близина на паркот „Македонија” во Кисела Вода. При ископ и подготовка на теренот за изградба на нов станбен објект, земјата се урна врз тројца работници. На местото веднаш беа испратени амбулантни возила, полиција и пожарна.

Двајца пренесени во „Мајка Тереза”, за третиот акцијата трае

Двајца од затрупаните работници беа извлечени и пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза”. Нивната здравствена состојба засега не е официјално соопштена од надлежните институции. Спасувачката акција за третото лице продолжува, а надлежните работат на расчистување на теренот.

МВР ги утврдува причините

Настанот е пријавен во СВР Скопје, а надлежните институции преземаат мерки и работат на утврдување на причините за несреќата, соопшти Министерството за внатрешни работи. Дали на градилиштето се почитувани безбедносните стандарди засега не е потврдено.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни