Search

Работилница за подигнување на свеста за борба против недозволената трговија со културни добра

Работилницата „Борба против недозволената трговија со културни добра во Западен Балкан“ ќе биде отворена денеска во 9 часот во Музејот на македонската борба во Скопје. На отворањето на настанот, присутните ќе ги поздрават Синиша Шешум и Матео Росати од Регионалното биро за наука и култура на УНЕСКО во Европа, а ќе се обрати министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.

Петдневната работилница е во насока на подигнување на свеста и градење капацитети за борба против недозволената трговија со културни добра за различни категории клучни институции и други засегнати страни. Учесници ќе бидат меѓународни и национални експерти, претставници од министерствата за култура и туризам, за правда, за внатрешни работи и од Царинската управа, јавни обвинители и судии, како и музејски професионалци и менаџери на локалитетите.

Проектот „Борба против недозволената трговија со културни добра во Западен Балкан“ е финансиран од Европската комисија и имплементиран од УНЕСКО преку Регионалното биро за наука и култура на УНЕСКО во Европа со седиште во Венеција и нејзината „Антена“ во Сараево.

Најново

Последни колумни