Путин пристигна кај Си Џинпинг во Пекинг во екот на глобалните тензии: „Драг пријателу…“

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Пекинг на средба со кинескиот лидер Си Џинпинг, само неколку дена по посетата на Доналд Трамп. Во фокусот се енергетиката, санкциите и сојузот меѓу Москва и Пекинг.

Владимир Путин пристигна во Пекинг на средба со кинескиот претседател Си Џинпинг, само неколку дена по посетата на американскиот лидер Доналд Трамп. Ова е прво странско патување на Путин оваа година и јасен сигнал за сè поблиските односи меѓу Русија и Кина во време на западни санкции и геополитички тензии.

Пекинг останува најголем купувач на руска нафта и еден од клучните економски и политички партнери на Москва. На средбата се очекува да се разговара и за нов гасовод преку кој Русија би испорачувала до 50 милијарди кубни метри природен гас годишно за Кина.

Посетата доаѓа во момент кога односите меѓу големите светски сили дополнително се вжештуваат по кризите на Блискиот Исток и трговските судири меѓу Вашингтон и Пекинг.

е-Трн да боцка во твојот инбокс