Јас сум Коста Кецмановиќ, пукав во школските другари, нека дојде некој. Јас сум Коста Кецмановиќ, пукав во школските другари, нека дојде некој. Јас сум Коста Кецмановиќ, пукав во моите школски другари, нека дојде некој“.
Не, ти не си Коста Кецмановиќ и не си пукал во школските другари. Јас бев тој што те однесе на стрелиште наместо во кино. Јас бев таа што те на(терав) да одиш од одлично на уште подобро и подобро и подобро, со две децимали. Тогаш пукавме ние, родителите, кои молчевме со тоа што се согласивме на твоето заминување од класот на нашите деца каде што те исмејуваа. Пукав јас која заборавав, секој ден заборавав да ги прашам моите девојче и момче, и тоа секој ден, дали има дете во нивниот клас на кое не му е мило да седи во школската клупа.
Пукаше државата која се сокри зад гордоста, нацијата и печатот, со кој ги уценува дури и господарите на кои националната гордост им ја наградува со заштитен појас, познати како заедничко добро, од кое на заедницата не и останува ни заедничко, ни добро, додека кастите ги храни со културни и национални богатства – вечери за петмина, пинкови, грандови, задруги, мајстори готвачи, фарми, ебарници и кланици.
Нишанеше еден човек кој на мафијата и ја продаде културата за естрада. Пукаа сите наши умови кога не експлодираа од срам кога осудените воени хероии, со крв на рацете, од катедри ги учеа стидентите, а на божјите службеници им ги љубеа злите раце. Пукаше еден кој помина покрај едно дете кое беше загледано во реката. И не застана. И не прозбори. И не праша „драго сонце, кажи што се случило?“

Пукавме сите кога бесрамно го оправдувавме бегањето на детето од училиште. Пукавме кога им пишувавме лектири и лажевме дека есејот е нивен од првата до последната буква. Пукавме кога прифативме детето да ни го предаде списокот со поканети гости на неговата роденденската забава. Пукна точно тогаш кога не свикавме и не рековме „или сите, или никој“. Пукавме и тогаш кога пропуштивме да ги покриеме ушите и душите на децата од нотите на сјајните фаци:
“Napravi mi sina
pod svetlima kazina,
biće dete sreće
sve će da mu ide
svi će da mu zavide.
Napravi mi sina
pod svetlima kazina,
biće milioner
biće smrt za žene
kao ti za mene”
…па кога не ни забележавме дека преку ноќ некое „мирис на лилјани се шири по полето“ се христијанизираше во „мирис на темјан се шири на полето“. Пукавме кога прифативме да се правиме слепи, и глуви, и невешти. Кога рековме „мама е мама“. Пукавме кога зедовме кредит за новиот iPhone 14 на нашиот син. А тој го распарчил затоа што попиздил кога не добил на спортска прогноза. Пукавме кога престанавме да ги носиме во Аушвиц и Јасеновац. Кога престанавме да очекуваме младите да станат во автобус за постарите. Репетиравме кога престанавме да им читаме приказни. Кога престанавме да се поздравуваме со соседите под изговор дека не ги познаваме многу добро. Нишаневме кога прифативме да го заокружиме „нашето“ наместо најдоброто. Пукавме сите ние што не сме деца. Пукавме затоа што не боли уво што светот се урива пред нашите очи. Ние пукаме! Не слушаш? Баш сега и затоа што и сега ништо не правиме.
Да се потсетиме на Пасолини. За момент. Ова невреме не е време за тишина. Време е да му се извиниме на Коста Кецмановиќ што е убиец.
„Јас сум Коста Кецмановиќ, пукав во школските другари, нека дојде некој. Јас сум Коста Кецмановиќ, пукав во школските другари, нека дојде некој. Јас сум Коста Кецмановиќ, пукав во школските другари, нека дојде некој“.
Миња Форетиќ Петриќ за блогот на Миленко Јерговиќ