Шест лица се убиени, а најмалку 15 се повредени во пукање во училиште во провинцијата Нонтабури во Тајланд, соопшти тајландската полиција. Инцидентот се случил во училиштето Дебсирин Нонтабури, во округот Банг Круаи. Пукањето било пријавено околу 10 часот, по што на местото биле испратени полицајци и специјални единици.
Според првичните информации, напаѓачот бил 14-годишен ученик во училиштето, кој бил вооружен со пиштол и се наоѓал во објектот. Две од повредените лица се во критична состојба. Полицијата подоцна потврдила дека напаѓачот извршил самоубиство по нападот.
Од провинцискиот команден центар претходно било соопштено дека се верува оти напаѓачот е ученик, поради што биле ангажирани и специјални полициски единици за да ја стават ситуацијата под контрола. Училиштето најавило дека дополнително ќе објави официјално соопштение за трагичниот настан.