Пукање во центарот на Минеаполис: Најмалку двајца загинати, шестмина повредени

Најмалку две лица загинаа, а шест се повредени во пукање во станбена зграда во центарот на Минеаполис. Меѓу повредените се и тројца полицајци.

ајмалку две лица загинаа, а шест се повредени во пукање што се случило во станбена зграда во центарот на Минеаполис, во американската сојузна држава Минесота. Според привремениот шеф на полицијата во Минеаполис, Бил Питерсон, меѓу повредените има тројца цивили и тројца полицајци.

Питерсон изјавил дека полицајците размениле оган со напаѓачот, кој бил усмртен во престрелката со полицијата, пренесува CNN.

Полицијата засега не го соопшти неговиот идентитет. Според Питерсон, истрагата утврдила кој го започнал пукањето во ходникот на станбената зграда, но повеќе детали за мотивот и околностите на нападот сè уште не се објавени.

Полицијата продолжува со истрагата за да се утврдат сите околности што довеле до пукањето.

е-Трн да боцка во твојот инбокс