Новиот скандал во Србија се шири: Началникот Марко Зафировиќ на распит по апсењето на Марко Кричак!

Шефот на Службата за борба против организираниот криминал (СБПОК) бил повикан на информативен разговор во врска со апсењето на началникот на Управата за криминалистичка полиција, Марко Кричак, и на началникот на Службата за сузбивање криминал, Бошко Секуловиќ.

Според неофицијални информации до кои дошол српскиот портал „Курир“, Зафировиќ бил повикан по налог на Посебното одделение за сузбивање корупција при Вишото јавно обвинителство во Белград.

Извор на „Курир“ тврди дека началникот се одѕвал на повикот и дека сè уште се наоѓал во полициска станица, каде што давал исказ. Полицијата продолжува да ги испитува сите околности поврзани со сомнежите за опструирање на истрагата во случајот „Сењак“.


Во фокусот е и утврдувањето кои полициски службеници учествувале во малтретирањето и мачењето на сопственикот на ресторан во просториите на Управата за криминалистичка полиција. Мажот бил сослушуван во врска со убиството на Александар Нешовиќ, извршено на 12 мај годинава. Информативниот разговор со Зафировиќ е дел од натамошните проверки во случајот, а засега нема официјални информации за неговиот статус во постапката.

е-Трн да боцка во твојот инбокс