Не е само за колачи: Еве како прашокот за печиво може да ви помогне да ја исчистите рерната

Со прашок за печиво, сода бикарбона и малку вода можете да направите домашна паста за отстранување полесни масни наслаги. Но, пред да ја употребите, проверете дали е соодветна за површините во вашата рерна.

Додека се пече ручекот, малку маснотија завршува на ѕидовите на рерната, дел од храната се разлева од тавчето, а чистењето најчесто го оставаме за друг ден. Кога конечно ќе ја отвориме вратата за да ја исчистиме, наслагите веќе се засушени и отстранувањето станува многу потешко.

За полесни нечистотии можете да пробате домашна паста од состојки што веројатно веќе ги имате во кујната. Прашокот за печиво, содата бикарбона и водата можат да помогнат при отстранување на дел од наслагите, но не очекувајте со половина час работа да исчезнат маснотиите што се таложеле со месеци.

Што ви е потребно?

За подготовка на пастата ќе ви требаат: една кесичка прашок за печиво; две лажици сода бикарбона; неколку лажици вода.

Во помал сад измешајте ги прашокот за печиво и содата бикарбона, а потоа постепено додавајте вода. Целта е да добиете густа смеса што лесно се нанесува на нечистите површини, без да се разлева.

Нанесете ја пастата и оставете ја да делува

Пред да започнете, проверете дали рерната е целосно изладена и исклучена. Прочитајте го и упатството на производителот за да утврдите дали ваквиот начин на чистење е соодветен за нејзината внатрешност.

Нанесете ја пастата на дозволените површини со масни наслаги и остатоци од храна. Избегнувајте ги грејачите, отворите за вентилација и деловите за кои е пропишан посебен начин на одржување. Оставете ја смесата да делува 20 до 30 минути, а потоа избришете ја со мек, влажен сунѓер. Ако нечистотијата не е целосно отстранета, постапката може да се повтори, но без грубо триење и гребење.


На крајот, со чиста влажна крпа темелно отстранете ги сите остатоци од пастата. Исплакнете ја крпата неколкупати за смесата да не остане во аглите и по ѕидовите на рерната

е-Трн да боцка во твојот инбокс