Прв топлотен бран ја погоди Европа: Температури над 30°C и локално до 35°C, Македонија останува попријатна

Голем дел од континентот влегува во летен режим, силно затоплување во западна и југозападна Европа, но Балканот останува посмирен

Деновиве голем дел од европскиот континент е под влијание на првиот значаен топол бран за оваа сезона, кој носи изразено затоплување и вистински летни температури во повеќе региони. Во најголем дел од Европа температурите ќе надминуваат 30 степени, додека на многу локации тие ќе се искачат и до околу 35 степени. Локално, особено во западна и југозападна Европа, се очекуваат и уште повисоки вредности, што укажува на силен и стабилен топол бран кој ќе се задржи и во следните денови.

Овој тренд на високи температури ќе продолжи и во наредниот период, со минимални промени во воздушната маса, што дополнително ќе придонесе за задржување на топлото време низ поголем дел од континентот.

За разлика од западна Европа, во Македонија температурите ќе бидат значително пониски и попријатни. Иако и кај нас се очекува постепен пораст на дневните температури во следните неколку денови, засега не се прогнозираат екстремно високи вредности како во западниот дел од континентот.Деновиве голем дел од европскиот континент е под влијание на првиот значаен топол бран за оваа сезона, кој носи изразено затоплување и вистински летни температури во повеќе региони.

Во најголем дел од Европа температурите ќе надминуваат 30 степени, додека на многу локации тие ќе се искачат и до околу 35 степени. Локално, особено во западна и југозападна Европа, се очекуваат и уште повисоки вредности, што укажува на силен и стабилен топол бран кој ќе се задржи и во следните денови.

Овој тренд на високи температури ќе продолжи и во наредниот период, со минимални промени во воздушната маса, што дополнително ќе придонесе за задржување на топлото време низ поголем дел од континентот.

За разлика од западна Европа, во Северна Македонија температурите ќе бидат значително пониски и попријатни. Иако и кај нас се очекува постепен пораст на дневните температури во следните неколку денови, засега не се прогнозираат екстремно високи вредности како во западниот дел од континентот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс