Прскање против комарци во Скопје во понеделник и вторник

Град Скопје најави авионска дезинсекција против комарци на 1 и 2 јуни во раните утрински часови. Пчеларите се повикуваат да ги заштитат пчелите.

Град Скопје информира дека на 1 и 2 јуни 2026 година, во понеделник и вторник, во раните утрински часови ќе се спроведе авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на главниот град.

Од Град Скопје посочуваат дека доколку временските услови не дозволат прскањето да се реализира во предвидениот термин, дезинсекцијата ќе се спроведе првиот нареден ден со поволни временски услови, во истиот период.

Надлежните апелираат до пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс