Во организација на иницијативата „Ниту една повеќе“ против фемицидите.
Со транспаренти „Не е љубов ако те убива“ „Не е трагедија, фемицид е“ и „Не сте свесни колку сме бесни“ стотици демонстранти тргнаа од паркот Жена Борец во центарот на Скопје.

„Нема повеќе изговори, нема да дозволиме да закопате уште една жена. Женската борба денес е борба за живот и таа продолжува со нас, со почт кон сите жени, девојки и девојчиња чии животи беа насилно одземени“ изјави една демонстрантките.
Маршот почна со една минута молк за сите жртви на фемицид а ќе заврши пред зградата на Министерствоот за внатрешни работи.
Протестот доаѓа откако пораснаа случаите на родоово базирано насилство во последниот период.

Истовремено, во Македонија годинава се регистрирани седум фемициди што ја става државата на трето место по бројот на фемициди во Европа.
