Промоција на книгата „Персефонин душебол“ од Ивана Ѓоргевиќ денес во Буква

Денес во кафе-книжарницата Буква во Скопје, со почеток во 19:00 часот, ќе биде промовирана книгата „Персефонин душебол“ од Ивана Ѓоргевиќ.

“Размислував за тоа што би одговорил кога некој би ме прашал “За што се работи во книгава? Што е главна тема? Каков наслов би и одговарал?”
За болката и како да ја носиме? Ух, го има тоа на претек, но не е тоа поентата. Не е ова книга за болката колку год да ја има во неа.
За себе-откривањето, личниот развој, патењето кое тој пат го носи, паѓањето и подигнувањето… Тоа веќе ми делува поблиско, но нешто уште поважно ми недостасува.
За вербата и храброста?! Хмм…да, тоа е клучно доживување. Вера која опстанала низ сите разочарувања, искушенија, болка, осаменост… И храброст да се оди кон љубовта против се. Помудро, попромислено, повнимателно, со повеќе знаење за луѓето… но да се оди…”
Мр. Небојша Јовановиќ

е-Трн да боцка во твојот инбокс