Професорот Чупиќ кандидат на Студентската листа за спикер на српскиот парламент

Студентската листа „Студентите победуваат“ која има мнозинство во Собранието го номинираше професорот Александар Чупиќ

Денеска се одржува конститутивната седница на српскиот парламент, по изборите кои беа одржани на 25 октомври.

На седницата треба да се избере нов собраниски спикер, а за позицијата Претседател на Народното собрание на Србија, поднесени се две кандидатури објави претседателот на седницата, Стојан Раденовиќ.

Студентската листа „Студентите победуваат“ која има мнозинство во Собранието го номинираше професорот Александар Чупиќ.

Во новиот парламентарен состав се формирани и две пратенички групи. Пратеничката група на Студентската листа ја предводи Јово Бакиќ, а негова заменик е Александра Штимац. Групата на листата „Александар Вучиќ – Единствена Србија“ ја предводи Александар Вучиќ, а негов заменик е Миленко Јованов, објави РТС .


На изборите во октомври победи Студентската листа со освоени 140 мандати, со што за прв пат по 14 години, Александа Вучиќ и неговата СНС веќе не се на влас во Србија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс