Продажбата на мотоцикли во Европа продолжува да расте

Продажбата на мотоцикли во Европа продолжува да расте. Во првата половина од 2026 година се регистрирани 636.490 нови мотоцикли, а позитивен тренд има и кај мопедите.

Продажбата на мотоцикли во Европа продолжува со силен раст, покажуваат најновите податоци на Европската асоцијација на производители на мотоцикли (ACEM). Во првата половина од 2026 година на петте најголеми европски пазари се регистрирани 636.490 нови мотоцикли, што е за 16,8 проценти повеќе во споредба со истиот период лани.

Бројот на новорегистрирани мотоцикли е за 27 проценти повисок во однос на 2019 година, односно периодот пред пандемијата на ковид-19.

Раст е забележан на сите најголеми европски пазари. Најизразен е во Германија со 27,6 проценти и во Шпанија со 23,6 проценти, додека Италија, која останува најголемиот европски пазар за мотоцикли, оствари раст од 13,2 проценти.

Позитивниот тренд продолжува и кај мопедите. На шест европски пазари се регистрирани 72.076 нови мопеди, што претставува зголемување од 4,7 проценти во однос на минатата година.

Според ACEM, овие резултати потврдуваат дека интересот за мотоциклите и другите возила од Л-категоријата продолжува да расте, бидејќи сè повеќе граѓани ги избираат како практично превозно средство за секојдневните патувања, но и за рекреација.

е-Трн да боцка во твојот инбокс