Приведен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка и човек близок до СНС

Приведувањето следува по полициски претрес во просториите на банката што траел повеќе од 30 часа, објави Нова.

Давор Мацура, сопственикот на Алта банка и бизнисмен близок до Српската напредна странка, утрово е приведен, објави српскиот портал Нова, повикувајќи се на свои сознанија.

Според медиумот, полицијата претходно вршела претрес во просториите на Алта банка повеќе од 30 часа. Претресот започнал во саботата, кога Извршниот одбор на Народната банка на Србија ѝ ја одзел дозволата за работа на банката и бил прогласен нејзин стечај.


Мацура има деловни врски и во Македонија преку Алта банка АД Битола, поранешната Стопанска банка Битола. Според последните објавени податоци за акционерската структура, со состојба на 17 јули 2026 година, Алта банка АД Белград поседува 95,1754 проценти од обичните акции во битолската банка. На официјалната веб-страница на банката Мацура е наведен и како претседател на нејзиниот Надзорен одбор.

е-Трн да боцка во твојот инбокс