Приказна за самракот, уметноста и занаетот: Terziya, Винарија Душа и FWSK 33 со модна премиера во МСУ

Колекцијата на Наталија Терзија го преточи самракот во модна приказна, претставена во МСУ со поддршка од Винарија Душа.

На 33-тото издание на Fashion Weekend Skopje во Музејот на современата уметност (МСУ), модната сцена произведе синергија меѓу уметноста и различните занаети, каде самракот и душата се јавуваат како инспирација.

Со својата најнова колекција „VESPERTINE“, брендот Terziya (зад кој стои дизајнерката Наталија Терзија) донесе уникатна естетска визија што ги спои уметноста, емоцијата и супериорниот дизајн.

Колекцијата „VESPERTINE“ ја пронаоѓа својата инспирација во мигот на самракот. Ооној магичен премин кога познатото станува мистериозно, силуетите омекнуваат, а имагинацијата го презема водството. Преку прецизна конструкција, суптилна игра со текстурите и внимателно избрана палета на бои, Terziya ги преточи различните емоционални состојби во облека што истовремено зрачи со романтика, елеганција и суров уметнички израз.

Оваа ревија уште еднаш потврди дека модата на Fashion Weekend Skopje не е само занает, туку културна архитектура што ја обликува и движи урбаната сцена во Скопје.

Синергија на занаетите: Terziya и Винарија Душа

Секој врвен моден момент бара соодветна атмосфера и славење на сетилната уметност. Официјален поддржувач на ревијата на Terziya беше Винарија Душа, со што се заокружи приказната за вистинска посветеност кон занаетот, квалитетот и автохтониот карактер.


Како што колекцијата „VESPERTINE“ бара трпение, фокус на деталите и длабок емоционален печат, така и вината на Винарија Душа пренесуваат истата филозофија: елеганција со став, автентичност и уживање во секоја голтка.

е-Трн да боцка во твојот инбокс