Пијанистката Мимоза Ќека вечерва, 2 ноември, во 19 часот ќе го одржи солистичкиот рецитал „Звучни хоризонти на Македонија“ во Салон 19.19 на Културно-информативниот центар во Скопје.
На програмата се дела од Јохан Себастијан Бах, Волфганг Амадеус Моцарт, Томислав Зографски и Морис Равел. Посебен акцент е ставен на пијанистичките транскрипции и на различните начини на обликување на музичкиот израз на пијано.
Мимоза Ќека е концертна пијанистка и доктор по музички уметности. Како солистка и камерна музичарка настапувала во Њујорк, Париз, Виена, Рим, Прага и Милано. Нејзината професионална работа ги опфаќа концертната интерпретација, пијанистичката педагогија и авторските концертни проекти.
Проектот „Звучни хоризонти на Македонија“ е поддржан од Министерството за култура и туризам.
