Паднати дрвја, бандери, оштетен имот – Како да пријавите штета од невремето?

Скопските градоначалници активираа кризни штабови и оставија телефонски броеви за пријавување штети по секоја општина.

Силно невреме со ветер и дожд предизвика штети во речиси сите скопски општини: паднати дрвја, бандери, семафори, оштетени возила и објекти. Градоначалниците веднаш активираа кризни штабови и излегоа на терен со екипите на јавните претпријатија, а секоја општина остави телефонски број за пријавување штети.

Невремето остави последици во речиси сите скопски општини. Граѓаните пријавуваат паднати дрвја, оштетени бандери и семафори, оштетени возила, прозорци, станови, куќи и попречени патишта. Веднаш штом невремето се смири, градоначалниците активираа кризни штабови и се упатија на терен заедно со екипите на јавните претпријатија.

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека Кризниот штаб е целосно мобилизиран и во постојана координација со ЦУК, МВР, ЕВН и Противпожарната бригада на Град Скопје. Според него, екипите ќе интервенираат на секоја локација каде има потреба. Граѓаните на кои им е потребна помош или сакаат да пријават штета можат да се јават на: 112, 072 314 929, 072 314 909 и 02/3297-204.

Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, информираше дека е урнат кровот на ООУ „Наум Наумовски Борче“, а пријавени се и голем број паднати дрвја. За пријавување паднати дрвја достапен е бројот 075 320 178.

Во Општина Аеродром, градоначалникот Дејан Митески соопшти дека Општинскиот кризен штаб е активиран во координација со МВР и Град Скопје. Граѓаните што претрпеле штета треба да ја пријават во Полициската станица – Аеродром, за да се изготват записници и навремено да се евидентираат штетите.

Останати општини: телефони за пријавување

  • Центар – 075 219 068, 076 350 767
  • Карпош – 071/322-790 (со наведена точна локација и краток опис на проблемот)
  • Ѓорче Петров – 070 298 508 (Даниел)
  • Чаир – 112
  • Кисела Вода – 072 250 719 (Бобан), 072 443 500 (Димитар)
  • Бутел – 078 517 344

е-Трн да боцка во твојот инбокс