Делови од две скопски населби денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини, информира Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Скопје.
Без струја од 07:00 до 16:00 часот ќе бидат корисниците во населбата Коштан во Горно Соње.
Прекин на електричното напојување ќе има и во дел од населбата Бардовци, околу црквата, каде што струја нема да има во периодот од 09:00 до 13:30 часот.
Од РЦУК Скопје информираат дека станува збор за планирани прекини.