Прегазен малолетник во кругот на Клинички, возачот побегнал
Во СВР Скопје вчера околу 10 часот било пријавено дека на паркинг простор во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, патничко возило „шкода“ удрило во малолетник од Скопје, по што возачот со возилото го напуштил местото.