Предавање на архитектот Тило Херлах

Тило Херлах е роден во 1972 година во Цирих, Швајцарија. Во периодот од 1992 до 1998 година студирал архитектура на ETH Цирих

Предавање на архитектот Тило Херлах (Tilo Herlach) од архитектонското студио ХХФ Архитекти (HHF Architects) од Базел, Швајцарија, ќе се одржи во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет – Скопје на 5 мај 2026 година, со почеток во 19:00 часот.

Тило Херлах е роден во 1972 година во Цирих, Швајцарија. Во периодот од 1992 до 1998 година студирал архитектура на ETH Цирих и ETH Лозана. Магистрирал на ETH Цирих под менторство на проф. Руџеро Тропеано (Prof. Ruggero Tropeano).Од 1998 до 2003 година соработувал со d-company во Берн и со Rolf Furrer Architekten во Базел.

Во 2003 година е еден од основачите на архитектонското студио HHF Architects во Базел.Тило Херлах е овогодинешниот тутор на 35. сесија на Меѓународната летна школа за архитектура во Лазарополе, во организација на Архитектонскиот факултет – Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни