Пожар на градилиште во Брисел: Загинаа повеќе работници, шестмина се водат како исчезнати

Голем пожар избувна на градилиште во центарот на Брисел, при што загинаа неколку работници, а уште шестмина се водат како исчезнати. Пожарот се проширил низ шахтите за лифт, што ја отежнало спасувачката акција и евакуацијата.

Неколку лица загинаа во пожар што избувна на градилиште во центарот на Брисел, соопштија белгиските власти. Несреќата се случила во објектот „ОКСИ“ на плоштадот Де Брукер, каде во моментот на избувнувањето на пожарот работеле повеќе од 200 градежни работници.

Според првичните информации, пожарникарите брзо го локализирале првичниот пожар, но пламените јазици се прошириле низ шахтите за лифт и предизвикале втор пожар во подземниот дел од зградата.

Спасувачките екипи успеале да евакуираат дел од работниците, но властите соопштија дека се пронајдени неколку тела, додека шест лица сè уште се водат како исчезнати. Најмалку три лица се пренесени во болница со повреди.

Причината за пожарот засега не е позната. Надлежните институции отворија истрага за да утврдат како дошло до трагедијата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс