Во Грција продолжува борбата против пожарите откако утрово пожар избувнал и во областа Маратијас на грчкиот остров Закинтос.
На терен се распоредени 22 пожарникари, со поддршка на авиони, хеликоптери и локални волонтери, соопшти Грчката противпожарна служба, пренесуваат тамошните медиуми.
Во гаснењето учествува и пешадиска група од 17-та единица за специјални операции за шумски пожари, како и волонтери, пренесува ProtoThema.
До граѓаните кои се наоѓаат во загрозеното подрачје се упатува итен апел да бидат во состојба на готовност и строго да ги следат упатствата на надлежните служби.
Грција и ова лето е зафатена е бројни шумски пожари, особено во јужните делови, а во Атика и шест други грчки региони, властите прогласија црвен аларм поради ризикот од пожар, како и високо ниво на подготвеност кај сите надлежни јавни служби.