Повторно се разгоре пожарот кај Кавадарци, го гаснат авиони и хеликоптери

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов информира дека се работи за непристапен терен и затоа гаснењето на пожарот е сериозно отежнато

Попладенво се разгорел пожарот во близина на Кавадарци, а во негово гаснење учествуваат два Ер трактори, но на помош се повикани и два хеликоптери.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов информира дека се работи за непристапен терен и затоа гаснењето на пожарот е сериозно отежнато.

„Попладнево огнот се проширил на тешко пристапен терен во атарот на селото Равец и се разговрува со голема брзина. Поради тоа се употребени и дополнителни два хеликоптера – еден полициски и еден армиски, кои учествуваат во гаснењето на огнот“ информира Ангелов.

Ангелов додава и дека овој пожар тешко дека ќе се стави под контрола во текот на денот, па дури и во текот на ноќта.

Од друга страна, се појавија информации дека пожарот во близина на Кавадрци е намерно подметнат, а полицијата веќе има едно осомничено лице кое е на информативен разговор.

е-Трн да боцка во твојот инбокс