КСП Центар Јадро ги повикува сите ентузијастични волонтер(к)и да помогнат во организирање на овогодинешното издание на Маалски фестивал што ќе се одржи на 27, 28 и 29 септември.
Како и минатите две години, така и оваа, фестивалот на КСП Центар ЈАДРО, организиран во соработка со Општина Центар, ќе ги развесели и разигра скопските маалски улици.
За организирање на овие културни настани, потребни ни се волонтер(к)и кои имаат желба да се запознаат со процесот на подготовка и реализација на фестивалот.
,,Доколку сакате да бидете дел од оваа наша и ваша мала, маалска приказна, контактирајте не’ на мејлот centar.jadro@gmail.com со назнакаПовик за волонтер(к)и на МААЛСКИ ФЕСТИВАЛ 3.0. Во мејлот задолжително наведете: име и презиме и телефон за контакт” порачуваат од КПЦ Јадро.