Потрошувачката кошница за април е близу 69.000 денари

Вредноста на Синдикалната минимална кошница за месец април 2026 година изнесува 68.797 денари, што е зголемување од 979 денари

Сојузот на синдикати на Македонија ги објави податоците за висината на минималната потрошувачка кошница.

„Вредноста на Синдикалната минимална кошница за месец април 2026 година изнесува 68.797 денари, што претставува ново зголемување на трошоците за живот на граѓаните. Споредбено со месец март 2026 година, кога вредноста на кошницата изнесувала 67.818 денари, во април е регистриран раст од 979 денари“ велат од ССМ.

Дополнително, за семејство кое живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри, вкупните месечни трошоци во март достигнале 84.172 денари.

Анализите на ССМ покажуваат дека во периодот од јануари до април 2026 година, вредноста на Синдикалната минимална кошница е зголемена за вкупно 3.305 денари.

„Овие бројки укажуваат на континуиран раст на цените и сè потешко справување на домаќинствата со секојдневните трошоци, особено за семејствата со пониски примања“ наведуваат од ССМ.

ССМ со месеци бара зголемување на минималната плата на 600 евра и раст на сите други плати за 100 евра а најави и голем синдикален протест за Први мај – Меѓународниот ден на трудот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни