Со симболичен „Посмртен марш за културата која е на чекор од погребување“, културните работници денес, излегоа на протестен собир на платото пред Уставниот суд на Република Северна Македонија. Повод за собирот е постапувањето на судот во врска со уставноста и законитоста на Колективниот договор за култура, документ од чие опстојување директно зависат стекнатите работнички права на илјадници вработени во секторот.
Протестниот собир се одржа на платото пред Уставниот суд во Скопје, каде што учесниците преку перформанс на посмртен марш укажаа на загрозеноста на секторот. Пораката на протестот е дека културата се наоѓа на чекор од погребување доколку се доведе во прашање важењето на Колективниот договор.
Во фокусот на реакцијата на вработените е тековната постапка пред Уставниот суд за оцена на уставноста и законитоста на Колективниот договор за култура. Од опстојувањето на овој договор директно зависат работничките права на илјадници вработени во културните институции низ државата, вклучувајќи ја нивната правна и социјална сигурност.
„Ова е борба за правна и социјална сигурност, борба за достоинство, еднаквост и почитување на трудот на сите културни работници“, велат културните работници.
