Search
„Војната е лична“ на Јулија Кочетова, добитник на наградата World Press Photo Open Format Award

Посакувам војната во Украина да има име и лик, а не само број и не само мапа

„Посакувам војната во Украина да има име и лик, а не само број и не само мапа“, ќе напише Јулија Кочетова на нејзината колекција фотографии „Војната е лична“, која жирито на World Press Photo ја избра за добитник на наградата Open Format Award.

Јулија Кочетова е украинска фоторепортерка и документарист со седиште во Киев. Нејзините фотографии ја отсликуваат војната во Украина во прво лице. За нив не треба текст и зборови. Тие се приказна сами по себе. Лична приказна на авторката и на нејзините сограѓани.

„Среде десетици илјади цивилни и воени жртви и ефективен ќор-сокак што трае со месеци, нема знаци на мир на хоризонтот за руската војна во Украина. Додека медиумите ја ажурираат својата публика со статистика и мапи, а меѓународното внимание се оддалечува на друго место, фотографката создаде лична веб-страница која го спојува фото-новинарството со личниот документарен стил на дневник, за да му покаже на светот како е да се живее со војна како секојдневна реалност“, ќе напише жирито на World Press Photo за фотографиите на Јулија Кочетова.

Најново

Последни колумни