Пронајдено телото на еден од Португалците кај Крк, сè уште се трага по четвртиот

Потрагата по четиричлената група кај Крк доби трагичен епилог со пронаоѓањето на едно тело, додека спасувачките екипи се уште трагаат по уште едно исчезнато лице.
Фото: Arne Müseler / www.arne-mueseler.com, CC BY-SA 3.0 DE, via Wikimedia Commons

Спасувачките екипи утрово го пронајдоа телото на еден од португалските државјани кои исчезнаа во ноќта меѓу вторникот и средата кај Крк, откако со мал гумен чамец испловија во силно невреме. Со ова, потрагата по четиричлената група добива трагичен епилог бидејќи има едно починато лице, двајца спасени и еден за кого потрагата сè уште трае. Спасувачките служби го проширија подрачјето на пребарување западно од Врбник, со надеж дека последниот исчезнат е сè уште жив поради поволната температура на морето.

По повеќе од 24 часа од почетокот на големата спасувачка операција во Велебитскиот Канал, потрагата донесе трагична вест. Истражните и спасувачките тимови утрово забележаа и извлекоа тело на еден од исчезнатите португалски државјани, по што се очекува официјално соопштение од надлежното Министерство за сите детали околу идентификувањето.

Групата од четири млади лица исчезна откако со гумен чамец долг едвај метар и половина тргна од камп во близина на Сењ. И покрај предупредувањата за силна бура и лоши временски услови, тие излегле на отворено море, по што им се изгуби секаков траг.

Од четирите лица кои ги зафати невремето, две беа пронајдени живи во текот на вчерашниот ден на различни локации на островот Крк. Една од нив, младата Португалка која помина осум часа борејќи се со брановите, моментално се наоѓа во КБЦ Риека.

Медицинските екипи потврдија дека нејзината состојба е стабилна. Таа е сместена на Заводот за пулмологија каде што ќе остане на дополнителна опсервација поради специфичноста на повредата и преживеаното давење. Нејзините витални параметри се уредни, а лекарите следат евентуални компликации на белите дробови.

Морските и полициските екипи, кои привремено ја прекинаа акцијата во текот на ноќта поради намалена видливост, од рано утрово ги активираа сите расположливи пловила од капетаниите во Сењ, Риека и полицијата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс