Водечкиот италијански бренд за шминка, „Кико Милано“, ја претставува својата нова глобална кампања насловена како „Шоуто на Кико“ (The KIKO Show) и го открива своето ново заштитно лице – поп-дивата Мадона, една од најголемите светски икони на стилот, музиката и слободното самоизразување. Оваа визуелно импресивна кампања, снимена низ објективот на реномираниот фотограф Рафаел Павароти, ја слави храброста, индивидуалноста и моќта на трансформацијата, што всушност се и клучните вредности кои длабоко ги поврзуваат Мадона и познатиот козметички бренд. Придружувана од ексклузивниот ремикс на песната на Мадона, „Bring Your Love“, кампањата носи сосема нова енергија и испраќа порака дека врвната убавина треба да биде достапна за секого.
Од менаџментот на „Кико Милано“ истакнуваат дека Мадона е икона која постојано ги поместува границите и совршено го пресликува духот на брендот, со што заеднички отвораат едно сосема ново поглавје за кое велат дека е само почеток. Самата кампања ја одразува филозофијата на компанијата која се заснова на спој на богатото италијанско наследство, иновативните козметички формули и производите со високи перформанси кои во чекор ги следат најновите светски трендови, нудејќи ги притоа по достапни цени.
Во фокусот на ова дигитално и модно шоу се наоѓаат некои од najпопуларните производи на брендот, меѓу кои се култниот сјај за усни „3D Hydra Lip Gloss“, долготрајниот кармин „Unlimited Double Touch“, како и препознатливата „Maxi Mod“ маскара, сенките со висока пигментација и прецизниот туш за очи во форма на пенкало. Со оваа глобална соработка, италијанскиот бренд означува почеток на нова ера со која продолжува да ги инспирира љубителите на шминката и убавината ширум светот.