„Под кревет“ – Самостојна изложба на Ангела Бошевска во Мобилна галерија

Самостојната изложба „Под кревет“ на уметницата се отвора на 25 јуни во Мобилна/Монтажна галерија во Парк на франкофонијата во Скопје.

На 25 јуни во 20:00 часот во Мобилна/Монтажна галерија, лоцирана во Паркот на франкофонијата во Скопје, ќе биде отворена самостојната изложба „Под кревет“ на уметницата.

Изложбата „Под кревет“ отвора интимен, но истовремено универзален концепт кој се однесува на потиснатите емоции и искуства во човековата психа. Проектот се занимава со оние делови од личноста кои најчесто се избегнуваат во секојдневниот живот – емоции, сеќавања, желби, стравови, трауми, носталгија, срам и љубов.

Наместо нивно соочување или разрешување, овие состојби во концептот на авторката се „сокриени под кревет“ – симболичен простор што делува заборавено, но никогаш целосно не е неактивен.

Бошевска дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во класата на Јован Шумковски и живее и работи во Скопје. Таа е интердисциплинарна уметница чија практика опфаќа дигитална уметност, сликарство, скулптура, 2D анимација, фотографија, 3D моделирање и 3D печатење. Во своето портфолио има бројни групни изложби и уметнички проекти, меѓу кои студентски изложби, фестивалски учества и современи интердисциплинарни настани.

Со оваа изложба, Бошевска продолжува да го истражува односот меѓу внатрешниот психолошки простор и визуелната уметничка форма.

е-Трн да боцка во твојот инбокс