Почнува Премиер лигата, од оваа сезона има нови правила

Според Англиската фудбалска федерација, целта на новите правила е да се забрза играта и да се воведат построги казни за доцнење

Со мечот помеѓу бранителот на титулата Арсенал и новајлијата во лигата, Ковентри вечерва од 21:00 започнува новата сезона на Премир лигата.

Освен рекордните транфсери, смената на тренери и сопственици на клубовите, новата сеозна носи и голем број важни промени во правилата.

Според Англиската фудбалска федерација, целта на новите правила е да се забрза играта и да се воведат построги казни за доцнење, кои опфаќаат земање тајм-аути, третман на повреди и употреба на VAR технологија.

За разлика од Светското првенство што се одржа летово, каде што играчите добиваа жолт картон затоа што ги покриваа устата со рацете за време на комуникацијата, Премиер лигата одлучи да не воведува такво правило.

Исто така, нема да се воведат задолжителни паузи за освежување, како што видовме на Светското првенство во 2026 година.

Промени во Премиер лигата

Пет секунди за изведување аут и гол-аут. Доколку судијата процени дека играчот доцни, започнува видливо одбројување од пет секунди. Откако ќе истече времето за исфрлање, противникот ја добива топката, а по гол-аутот, се досудува корнер.

Повреден играч мора да биде надвор од теренот една минута, наместо претходните 30 секунди, ако играта е запрена поради него. Има исклучоци, на пример ако повредата е резултат на прекршок за кој противникот добил жолт картон.

Лажни повреди на голманот. Ако голманот падне и предизвика прекин што тимот го користи како еден вид тактички тајм-аут, тренерот ќе мора да избере еден играч од својот тим да го напушти теренот една минута.

Измената мора да трае максимум десет секунди. Ако играчот го напушти теренот премногу бавно, на неговата замена нема да му биде дозволено да влезе уште една минута.

VAR за прв пат добива овластување при втор жолт картон. Може да интервенира ако е даден втор жолт картон за јасна грешка, на пример ако немало прекршок. Нема да може да побара на играчот да му се покаже втор жолт картон ако судијата на теренот не го дал.

VAR исто така ќе може да интервенира во случај на напаѓачки фаул пред изведување прекин ако акцијата по тој прекин заврши со гол, казна или дисциплинска мерка.

е-Трн да боцка во твојот инбокс