Почнува новата академска година: Првиот академски час денеска на универзитетите низ Македонија

Студентите денеска официјално ја започнуваат академската 2026/2027 година, со свечени први академски часови на државните универзитети.

Денеска започнува новата академска година на државните универзитети во Македонија. На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, првиот академски час ќе се одржи во 10 часот на платото кај споменикот на светите Кирил и Методиј, со што и официјално ќе биде означен почетокот на академската 2026/2027 година.

Свеченоста ќе опфати официјални обраќања, културно-уметничка програма и информативна сесија, како и активности за дружење на студентите. Прв академски час денеска ќе има и на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Државниот универзитет во Тетово, Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Со почетокот на новата академска година, на студентите им претстои нов циклус на предавања, испити, истражувања и студентски активности.

е-Трн да боцка во твојот инбокс