Почна со снимање краткиот филм „Врзани“ во режија на Сара Климоска

„Врзани” е приказна за Ева, млада жена растргната помеѓу должноста да се грижи за својата болна и контролирачка мајка и потребата конечно да го живее сопствениот живот

Започна снимањето на краткометражниот игран филм “ВРЗАНИ” во режија на Сара Климоска, а во продукција на Унита Филм.

„Врзани” е приказна за Ева, млада жена растргната помеѓу должноста да се грижи за својата болна и контролирачка мајка и потребата конечно да го живее сопствениот живот.

Кога неочекуван сплет на околности ќе ја донесе пред одлука што изгледа невозможна, Ева е принудена да се соочи со границите на љубовта, жртвата и личната слобода.

Главните улоги ги толкуваат Лео Поповиќ и Ана Костовска. Директор на фотографија е Александар Крстевски, сценографијата е на Симе Атанасиевиќ. Костимограф на филмот е Жаклина Крстевска, а шминката е на Снежана Ангеловска-Живковска.

Продуцент на филмот е Вардан Тозија, ко-продуцент е Лидија Ивановски, а како партнери на филмот се јавуваат Другата Страна и Млекара Јока.

е-Трн да боцка во твојот инбокс