Tито Џексон, најстариот брат на Мајкл Џексон, почина на 70-годишна возраст. Според долгогодишниот семеен пријател и менаџер Стив Менинг, Тито бил на пат од Ново Мексико за Оклахома кога починал. Иако официјалната причина за смртта сè уште не е објавена, Менинг изјави за „Ентертејмент тунајт“ дека верува дека Тито доживеал срцев удар.
.Тито, вистинско име Торијано Адарил Џексон. Toj беше член на „Џексон 5“ исе прослави во доцните шеесетти и седумдесетти. Групата ги освои срцата на публиката ширум светот со хитовите како „I Want You Back“, „ABC“ и „I’ll Be There“.
За време на неговата кариера, тој беше номиниран за три Греми награди и беше примен во Куќата на славните на рокенролот како член на „Џексон 5“. Тито ја започна својата соло кариера во 2003 година, настапувајќи како блуз музичар.