Актерот Дејан Матиќ почина на 61 годишна возраст, потврдени Белградското драмско позориште.
Драмскиот уметник е роден во Белград на 24 февруари 1963 година. Дипломирал актерство на Факултетот за драмски уметности во Белград 1990. година во класата на Миленка Маричиќ. Актерската кариера ја започнал во Театарот Ателе 212. Играл и во Југословенското драмско позориште, театарот Пуж, како и во малиот театар „Душко Радовиќ“ каде што бил постојан член на ансамблот од 1993 до 1997 година. Заедно со Драган Јовановиќе и Раде Марковиќ, во 1991 година ја основа тетатарската група Т. Кугуар, а 1996. година и рок составот Вис The Kuguars со кој настапувал во Ѕвездара театарот, како и низ земјата и странство, пренесува Nova.rs.
Постојан член на Белградското драмско позориште станува 1997 година.
Од 1997. година започнува да се занимава со нуркање, се интересира за подводна фотографија и едукација. Стана инструктор за нуркање 2006 година во најзначајните светски асоцијации.