По неколкудневното стабилно и топло пролетно време, во Македонија веќе од ноќта кон вторник (20/21 април) пристигнува изразена промена на времето, проследена со значително заладување и нестабилни временски услови.
Според најавите, продор на студен воздух од север ќе предизвика пад на температурите за повеќе од 10 степени, како во земјава, така и низ поширокиот Балкански Полуостров. Оваа промена ќе донесе врнежи од дожд во пониските делови, додека на планините се очекуваат и врнежи од снег.
Покрај врнежите, времето ќе биде проследено и со засилен северен ветер, што дополнително ќе го засили чувството на студ. Метеоролозите предупредуваат дека по краткиот пролетен период, следува враќање на посвежо време, па топлата облека повторно ќе стане неопходна.