По 23 години производство: Volkswagen го укина еден од своите најпрактични модели

Volkswagen официјално го прекина производството на моделот Touran по 23 години. Наследник не е планиран бидејќи MPV моделите ги заменуваат SUV возилата.

Германскиот автомобилски производител Volkswagen на 29 април 2026 година официјално го прекина производството на миниван моделот Volkswagen Touran. Последниот примерок излегол од производствената линија во Wolfsburg, со што по повеќе од две децении завршува приказната за еден од најдолговечните и најпрактични модели на германскиот бренд.

Првата генерација на Touran беше претставена во 2003 година, додека втората генерација пристигна во 2015 година. Во текот на годините биле произведени околу 2,3 милиони возила, но продажбата во последните години значително опаднала – на околу 20.000 автомобили годишно.

Главната причина за укинувањето на моделот е новата безбедносна регулатива на United Nations – „General Safety Regulation II Level C“, која стапува на сила на 6 јули 2026 година.

Touran повеќе не можел да ги исполни новите стандарди без големи вложувања и модернизација. Во последните години од производството моделот беше достапен со 1.5-литарски TSI бензински мотор со 150 коњски сили, како и со 2.0 TDI дизел мотори со 122 и 150 коњски сили.

Наследник на моделот засега не е планиран, бидејќи класичните MPV автомобили во меѓувреме речиси целосно беа заменети со SUV модели.

е-Трн да боцка во твојот инбокс