Пит Дејвидсон повторно на рехабилитација поради ментални проблеми

Фото: Saturday Night Life/NBC

Славниот комичар Пит Дејвидсон неколку пати во животот бил во рехабилитациони центри, каде што се лечи од зависности, но и ментални проблеми. Последно тој беше во рехабилитационен центар во јули 2023 година, кога лечеше ПТСТ и дијагноза за гранично раствојство на личноста.

Како што објави Пипл, Пит вчера повторно се пријавил на лечење, бидејќи решил да се фокусира на своето здравје. Овој потег доаѓа по низа настапи и филмски проекти.

Извори блиску до Дејвдисон за Пипл изјавиле дека неговото здравје секогаш било приоритет за него. Дури и кога бил најзафатен со работа, тој се фокусирал на својата трезвеност и неговите пријатели и семејството  биле многу горди што продолжил да се грижи за себе.

Дејвидсон своевремено откри дека користел кетамин секојдневно во период од четири години.

Тој во 2018 година откри дека му е дијагностицирано гранично раствојство на личноста откако една година се борел со депресија и анкциозност. Објасни дека симптомите на болеста го натерале да се пријави во рехабилитациона програма во декември 2016, кога верувал дека проблемите ги доживува поради прекумерната употреба на марихуана.

Извор: Б92

е-Трн да боцка во твојот инбокс