Ф’стаци или кикирики: Што е подобар избор ако сакате да ослабете?

Двата јаткасти плодови се богати со хранливи материи, а експертите велат дека најважни за слабеењето се умереноста и контролата на порциите.

Ако се обидувате да ослабете, и кикириките и ф’стаците можат да бидат одличен избор за ужина. Иако содржат релативно многу калории, тие се богати со протеини, растителни влакна и здрави незаситени масти, кои подолго време создаваат чувство на ситост и помагаат полесно да се контролира апетитот.

Нутриционистите истакнуваат дека овие намирници не придонесуваат за слабеење затоа што се нискокалорични, туку затоа што претставуваат хранлива замена за преработените грицки и можат да помогнат во одржување на калориски дефицит.

Кикириките обезбедуваат околу 7 грама протеини и 2 грама растителни влакна во порција од 28 грама. Благодарение на нивниот состав, тие придонесуваат за постабилно ниво на шеќер во крвта, намалена желба за грицкање и подобра контрола на гладот.

Ф’стаците имаат сличен хранлив состав, но содржат малку повеќе растителни влакна. Дополнително, најчесто се јадат во лушпа, што го забавува темпото на јадење и може да спречи несвесно прејадување. Во иста порција има и поголем број плодови, па визуелно делуваат како пообилен оброк.

Според експертите, разликите меѓу кикириките и ф’стаците се мали и немаат значително влијание врз процесот на слабеење. Сепак, ф’стаците имаат мала предност поради повисоката содржина на влакна и начинот на консумирање.

На крајот, изборот зависи од личниот вкус. Без разлика дали ќе се одлучите за кикирики или за ф’стаци, најважно е да ги консумирате во умерени количини како дел од балансирана исхрана.

е-Трн да боцка во твојот инбокс